Мапирање и селекција на атрактивни локални туристички можности – Војница

Општина Чашка завзема значајно место во историјата , особено во полето на одвивање на културно историски настани и богата историја. Во 42 населени места и во нивна близина се наоѓаат голем број на споменици, спомен обележја, спомен плочи и бисти на настани и личности. vojnica4
Војница е препознатлива по лозовите насади кои се издигнуваат на ридовите околу селото. Цркавата Св Атанас е заштитена од Министерство за култура. Подигната е во втората половина на 19 век. Таа е трокорабна со полукружна апсида од надвор. Во неа живописот потекнува уште од 19 век, а во Заводот за заштита на споменици се регистрирана две икони кои се од битно значење, но се во доста лоша состојба. Родно место на Коле Неделковски (1912-1841), кој со својата творечка дејност го обечежува периодот помеѓу двете светски војни. Мештаните горди на својата историја, денес имаат спомен соба посветена на Неделковски. Учениците од Средното Општинско Училиште „ Коле Неделковски“ Велес секоја година го одбележуваат патронот во село Војница. vojnica3
Над селото се наоѓа „Езеро Единак“ , ресторан кој ги започнува своите почетоци во својата работа гостопримлив за секој посетител да помине време во недопрената природа.
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински

vojnica1

форум Чашка. „ Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*