Викенд прошетка “Запознавање на убавните“

begovo1Согласно Проектот „ Младински еко-етно рурален туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка на 23 јуни сабота се организираше викенд прошетка до Бегово Поле.  Секоја година традицинонално се оддржува средба, настан , концерт на Бегово поле од страна на ПСК Драчево, Филип Чакаров . Еколошка Групација Грин Пауер од Велес веќе четврта година е дел од настанот. Настанот е дел од промоција на природните убавини, се придруживме со цел запознавање на убавините.

Со цел да се запознаат младите од Чашка, Велес и Горно Јаболчиште и воедно искористи можноста за вмрежување, заедничка промоција на здруженијата на граѓани за омасовување и зголемување на бројот на посетиттели и љубители на природата и планината. Имено Бегово поле е крстно поле на планинскиот масив Јакупица на северната страна од врвот Солунска Глава. Полето е дого околу 1.5 километри ма широко од 500 до 100 метри со благо закосување накај запад. Полето изобилува со многу бачила кои се лицето на развојот на сточарството како гранка која е најзастаена во делот од Чашка. Бегово поле е на 200 метри надмореска висина и до него повеќе од 50 учесници на викенд прошетката од Горно Јаболчиште стигнавме за некаде 3 часа бавно одење. Времето беше задоволително и мотивирачки да се продолжи на дел од групата до Солунска Глава , 2540 метри.

begovo3

Ова е еден од предвидените два викенд прошетки за млади од Чашка и Велес со цел  “Запознавање на убавините“ , ПРОМОВИРАЈ ЈА ЧАШКА, СЕ ПРОМОВИРАШ И СЕБЕ СИ.begovo4

Заедничките викенд прошетки директно придонесуваат кон подигнување на свеста за стереотипите во заедницата, активности за вмрежување со посебен акцент на младите и еднаков пристап за учество во јавниот живот. Продолжуваме да чекориме кон промоција на Чашка. „Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>