Викенд прошетка до Папрадиште

Видливи се активностите на проектот  „ Младински еко-етно рурален туризам„ на територија на Општина Чашка,  Имено на 14 јули , сабота 50 млади од Велес и Чашка беа дел од викенд прошетката во село Папрадиште.  Селото Папрадиште ја слави славата Св. Петар и Павле, и  секоја година традиционално се оддржува крводарителска акција Папрадиште. Младите имаа можност да бидат дел и од акцијата, да ја видат црквата Св. Петар и Павле која зборува за делото на Андреја Дамјанов, како и живописните  фрески од тајфата на Пападишки.  Викенд прошетката е дел од промоција на убавините на Чашка можност за запознавање и зголемување на бројот на посетители на природата . Проектот се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка , Извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка.

„Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*