Видливи резултати од проектот

Со имплементација на проектот „ Младински еко-етно рурален туризам“ на територија на Општина Чашка се постигнува општата цел. Влијанието на здруженијата на граѓани промовираат вредност на заедничка одговорност за превземање на акции кои се од важност на локалната заедница.
Општина Чашка е една од препознатливите општини во Македонија каде меѓуетничкиот соживот е на високо ниво и пример за останатите општини. Тоа дава поттик кај цело население, како и здруженијата на граѓани, приватните фирми и институциите заеднички да делуваат во локалната средина се со цел подобрување на условите за живот. kon2
Меѓуетничкиот соживот и животната средина се сметаат за вкрстени прашања коишто треба да се земаат предвид во секое време. Затоа една од активностите на проектот е и набавка и поставување на 6 метални контејнери со капацитет од 1.1 м3 за собирање и транспортирање на комунален отпад во Горно Врановци и Горно Јаболчиште.
Моментално контејенрите се поставени во дворот на ЈКПД „ Тополка “ Населба Чашка кое функционира  и собира комунален отпад на територија на Општина Чашка од населените места. Оваа бројка е само поттик за зголемување на свесноста за заштита на животната средина.

kon1

Партнерството помеѓу  ЗГ Амбиенталисти , Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка е веќе проверена и дава резултати преку вклучување  на младите во заеднички локални акции.
Промоцијата на населените места во Чашка, сместувачките капацитети, е активност од проектот „ Младинсен туризам„ кој се имплементира од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште Чашка ,Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка. „Младински еко –етно рурален туризам “ е регрантиран преку „Здружени сили за заеднички интереси”, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на гр аѓанско опшество и медиуми 2014, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>