Велешките развигорци и истражувачи – втори во петото коло на Извидничка лига на СИМ 2018

Нs4а пливачкиот базент во Кадино во близина на Скопје, а во организација на извидничко поречанскиот одред “Галеб“ од Скопје и Сојуз на извидници на Македонија на 12.6.2018 год. (вторник) се одржа петото коло од извидничката лига во СИМ 2018. Ова коло ги опфаќаше следните категории на членство: развигорци ( од 7-11 години) извидници (12-15 години),  истражувачи (16-18 години) и ровери (19 до 24 години).  Учесници на петото коло од извидничката лига на СИМ 2018 беа извидниците од  Скопје, Велес и Св.Николе. Типот на натпреварите на ова  петто извидничко коло беше – “Хаваи“ (Водени лудории). Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес  зема учество со десет извидници или две патроли во  категоријата на истражувачи и развигорци. Патролата на развигорците на велешкиот одред  го освои второто место, а во категријата истражуважи патролата  на нашиот одред го освои исто така второто место. Патролата на истражувачи на ИО “Димитар Влахов“ од  Велес беше составена од следните извидници: Стефче Рогужаров,   Давид Темелковски, Иван Гушев и Павел Шопов.  Додека пак патрола на развигорци од нашиот одред беше составена од:  Дејвид Угриновски, Теона Гочева, Бојан Трендафилов и Јован Тикваров.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>