Велешките и нишките извидници братски на Вардарската регата “Гемиџии 2015“

vardarСтотината современи Гемиџии, по четири дена пловење во 14 пловни објекти  од 25 до 28 јуни оваа година, пристигнаа во Гевгелија. Ветерот годинава  ни беше сојузник на сите учесниците, тој дуваше во правецот на пловењето,  па сите четири дена имавме одлична пловидбата.  Проблеми не создаваа и не така  високите температури и жешкото сонце, кое не ги ,,испече,, гемиџиите. Со големи напори  Гемиџиите стигнаа до Гевгелија, откако во четвртокот тргнаа од Велес. Попатно ноќеваа во воениот полигон во Криволак, во Демир Капија и во  Марвинци. На оваа 17-та по ред Вардарска регата,  за четири дена учесниците минаа 140 км покрај нас извидниците преставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беа и припадниците на воената полиција на АРМ чиј домакини бевме ние извидниците, но и нашите пријатели браќа извидници од нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија. Тука беше и МВР, пожарникарите, подмладокот на Црвениот крст. Оваа година учесници од страна на извизднички одред “Димитар Влахов“ – Велес беа, Ангелче Гушев, Ненад Андреевски, Златко Ристов, Јане Јанков, Љупчо Кузмановски, Зоран Пановски, Мартин Голчев,  Трајче Темелковски, Александар Љутков, Влатко Влахчев и Благој Горчевски. Додека пак извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ го преставуваа: Владан Милановиќ, Никола Марковиќ, Мома Стојановиќ,  Милан Будаковиќ и Милан Марковиќ.
Нивото на реката Вардар како и минатите години овозможи безбедно пловење. Годинешниот број наsite учесници, стотина за кои тие можат да гарантираат безбедност, бидејќи бројот на пловила  14 и нивното меѓусебно растојание  во цела должина од  околу еден километар е максимум, кој тие можат да  го контролираат, повеќе не.  Годинава за прв пат по 16 години, регатата имаше меѓународен карактер, учествуваа гости од Србија и Бугарија. Тие беа задоволни од тоа што го доживеаа изминатите четири дена. Впечатоците се дека Вардар не е тешка река, како што очекувавме. Не се плашевме туку бевме претпазливи. Првиот ден беше најдолг и највозбудлив потоа беше лесно.Не сме поречански одред, освен штои имаме искуство на веслање по езеро, ова е прво по река но се мина супер.
Прв пат сме на регата и дојдовме по покана на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ . Сега сме помала група, но се надеваме дека наредната година ќе бидеме помасовни. Немаме претстава што може да не очекува но се надеваме дека времето ќе биде убаво и дека нема многу да изгориме и дека нема да биде напорно. Сепак дружењето е најважно“, рече извидник од извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Никола Марковиќ.
site1И на годинешнава Вардарска регата со свое учество се вклучија голем број институции, а за безбедноста на пловидбата се задолжени членовите на Црвен крст и спасителите на вода.
„Претходно имавме обука на вода и сите оние кои пловеа се запознати со правилникот за работење на регатата и ги потпишаа изјавите за учество во неа. Луѓето се едуцирани како треба да се однесуваат на вода а тука се и безбедносните сили и Црвен крст со спасителите на вода, рече организаторот од Здружението Вардарска регата Гемиџии, Анѓелче Гушев.

Оваа 17 Вардарска регата беше пратена од страна на телевизиска екипапа на националната ТВ Канал 5 кои сите четири дена ја снимаа регатата, а потоа ќе изработат и документарен филм за истата.

Во продолжение ви ја преставуваме сторијата на како извидникот Никола Марковиќ ја виде оваа регата: http://kakorastesreca.blogspot.com/2015/06/iz-dnevnika-vardarskog-nomada.html

Еден коментар

  1. Svaka mam cast, dragi izvidnicki prijatelji!
    Nesto najlepse je biti na regati.
    Ostajte mi u zdravlju i mnogo mi pozdravite mog valjanog prijatelja ANGELCETA!
    On je bio i ostao ponos nase organizacije u SIJ, a vidim da je i sada akrtivan. JA sada punim 70 godina, pa malo trokiram zbog bolesti u aktivnostima, ali intelektualno nikako! Borim se za PRAVO izvidnistvo u Srbiji kao i pre u YU. Tesko ide jer su mnogi zalutali u izvidnistvo ali treba verovati u bolje sutra.
    CUVAR VATRE SIS
    Cika Barba

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>