Велешките извидници трети на Купот на извидничко пријателство

IMG_3591Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш, Република Србија во периодот од 13 до 15 мај 2016 година со дванаесет извидници или три патроли зема учество на “41 Меморијал Чика Драги“ и Вториот Куп на извидничко пријателство на кои што учество зема извидници сениори. Купот на извидничко пријателтсво е дел од догворените активности на Брџанските средби на кои присуствуваат извидници од поранешна Југославија, а секоја година се организира во различна држава од поранешната Ју република.
На двете манифестации учество земаа повеќе 250 извидници од Србија, Црна гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија со околу 30 патроли кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен.
Извидниците од Велес кои се натпреваруваа во рамките на 41 Меморијал Чика Драги во категоријата на постари извидници ги освоија шестото и деветото место, а додека третата патрола во состав:IMG_3585 Ангелче Гушев, Ненад Андреевски, Жаклина Гушева, Влатко Влахчев и Јордан Бајрактаров која што зема учество на Купот на извидничко пријателство го освоија третото место. Првото место го освоија извидниците од Ријека (Хрватска), а второто место го освоија извидниците од Бања Лука (Босна и Херцеговина).
Во целокупните активности на споменатите две натпреварувања поради регионалниот карактер на IMG_3634настанот беше и медиумски покриен па така старешината на одредот во Велес имаше учество и настап на емисии на следните медиуми: Радио Белград, ТВ Пинк и ТВ Белами.
Сакаме да напоменеме дека трите патроли на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес беа единствените преставници од Република Македонија. Со постигнатите успеси сакаме да нагласиме дека со учеството на сениорите од нашиот одред и резултатот кои беше постигнат докажуваме дека во единствениот велешки градски извиднички одред се практикува и работи топографијата и ориентацијата, а тоа е и поткрепено со високиот пласман и на двете патроли на постари извидници. Со искуството стекнато на овие извиднички средби, Старешинството на Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес дека во наредната 2017 година ќе го добие организирањето на Купот на извидничко пријателтсво, со што ќе ги обедини извидници од поранешните Ју републики да бидат гости во Велес, а воедно и да се натпреваруваат во споменатите области.

IMG_3631

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>