Велешките извидници трети по повод празникот на град Скопје

%d0%b1%d0%be%d0%bd%d0%b8_%d0%bc2Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, на покана на извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“ од Скопје , на 12.11.2016 год. (сабота), по повод Денот на ослободување на град Скопје, со шестнаесет извидници или три патроли од  извидници  земаа учество на традиционалната акција “Извидниците за својот град“. На оваа извидничка акција извидниците се натпреваруваа во голем број на извиднички дисциплини, а на истата учество земаа триесетина патроли на развигорци и помлади извидници. Велешките помлади извидници преставени преку патролата “Андон Ќосето“ кои го освои седмото место, потоа патролата “Махо“ го освои петтото место и патролата “Гемиџии“ во рамките на натпреварувачккиот дел во категоријата помлади  извидници го освои третото место. Со овој нов успех на Велешките извидници, се докажува квалитетната работа на членовите на извидничкиот одред “ Димитар Влахов“- Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>