Велешките извидници први во второто коло на Извидничка лига на СИМ

Во Катлановска Брезица во организација на извидничко  поре чанскиот одред “Јадран“  од Скопје и Сојуз н а извидници на Македонија од 20 до 22.4.2018 год. се одржа второто коло од извидничката лига во СИМ 2018 – “45 Меморијал Марко Граорковски“. Ова коло ги опфаќаше следните категории на членство: извидници (12-15 години), истражувачи  (16-18 години) и ровери (19 до 24 години).

пехарУчесници на второт коло од извидничката лига на СИМ 2018 беа извидниците од Скопје, Велес, Кичево, Охрид, Св.Николе, Прилеп, Штип, Струга и гости од Ниш и Белград, Република Србија.Типот на натпреварите на ова второ извидничко коло беше – традиционалната ориентација.

велес2

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со осум извидници или две патроли во категоријата на истражувачи. Патрола од велшкиот одред “Чичко Врап“ со 1356 бода го освоипрвото место во категријата истражуважи, а патролата “Копуци“ со 638 бодови го освои петто место во конкуренција на десет патроли.

велес3

Победничата патола на ИО “Димитар Влахов“ од Велес беше составена од следните извидници: Благој Ѓоргиев, Трајче Темелковски, Стефче Рогужаров и Мартин Голчев. Додека пак втората патрола на нашиот  одред беше составена од: Иван Гушев, Кире Харалампиев, Давид Темелковски и Павел Шопов.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.