Велешките извидници учесници на XX Вардарска регата Гемиџии 2018

верадрска2Во организација на здружението на граѓани „Вардарска Регата“, со финансиска поддршка од Општина Велес, на 31 август до 2 септември оваа годинава се реализираше и стартуваше 20-то издание на Вардарската регата „Гемиџии“. Велешани имаа можност да присуствуваат на традиционалното запловување на гемијата. По тој повод, делегации на Општина Велес, АРМ, Извидничкиот одред „Димитар Влахов, Здружението на пензионери и други, положија свежо цвеќе на споменикот подигнат во чест на Гемиџиите кај Мало мовче. Групата „Распеани Пензионери“ со својот настап ја збогати манифестацијата која традиционално се оддржува под покровителство на Општина Велес. Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски со фрлање на цветниот венец во водите на Вардар, го обележи почетокот на манифестацијата. Околу 140 километри изнесува должината која учесниците треба да ја поминат во неколку етапи до целта. Гемијата претставува еден од препознатливите обележја на Велес и велешани. Таа се поврзува со економскиот, просветниот и духовниот развој на градот. Особено важна е нејзината улога во развојот на трговијата која во минатото се одвивала по воден пат со Солун што допринело Велес да прерасне во модерен град со европски лик и карактеристики. Вардарската регата се поврзува и со Гемиџиите како претставници на македонската авангарда и револуционерно движење. На оваа регата најбројни беа членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со учество на 16 извидници.

Повеќе фотографии на:

https://www.facebook.com/angelce.gusev/media_set?set=a.10215268646442846&type=3&uploaded=84

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*