Велешките извидници на IX коло на извидничка лига на СИМ

Во Шумско Домче, во селото Студеничани во населбата Мала Река, Китка се одржа традиционалната извидничка акција “Sex, Scouts and Rock n’ Roll“, а воедно и IX коло од извидничката лига. Акцијата беше реализирана од страна на Прв Скопски Извиднички Одред во соработка со Сојуз на извидници на Македонија во периодот од 28 до 29 септември 2018 год.

baze david1

На ова коло учество земаа истражувачите (извидници на возраст од 16 до 18 години) и роверите (извидници на возраст од 19 до 24 години). Учесници на натпреварот беа извидниците од Скопје, Велес, Прилеп, Кичево, Куманово и Штип кои се натпреваруваа меѓусебе во областа на сексуалната едукација, чворови, извештај на дел од помината патека, а и во голем број на забавни игри. amblemИзвидничкио одред „Димитар Влахов“ од Велес зема учество следните извидници: Благој Ѓорѓиев и Давид Темелковски, кои учествуваа во акцијата како дел од екипата на ИО “Еквинокс“ од Штип. Извидниците поминаа прекрасно време со своите врсници и се вратија во своите домови со нови искуства и бројни нови познанства.

Благој Ѓорѓиев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>