Велешките извидници учесници на Младинска академија

logo akademijaЧленовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Мартин Голчев, Викторија Ставровска, Сара Нунеска и Ева Кантарџиевска, од 13 април до 17 април оваа година во извидничкиот центар во Охрид учествуваа на  Младинската Академија, која  е настан кој е наменет за младите кои се активни во граѓанските организации и имаат желба да го надоградат своето знање за подобро водење и менаџирање во своите организации. Младинската Академија ќе им овозможи на младите да се стекнат со вештини кои се исклучително важни за повеќе сегменти од водењето на организација, водење на иницијатива или било каков процес за акција. На академијата учесниците ќе можеа  да изберат од 28 понудени тренинг сесии и да го прилагодат тренингот врз база на своите потреби и интереси притоа стекнувајќи се со потребните знаења. Преку здобиените знаења и вештини младите ќе бидат подготвени да бидат лидери во организациите како и лидери на промена во општеството. Младинската академија како настан дополнително ќе овозможи простор т.н. „младински пазарчиња“, на кои младите ќе имаат можност да ги разменат своите искуства и ставови на различните теми како и можност да се презентираат добри пракси, да се инспирираат едни од други, но и да изградат партнерства. Обучувачи на Младинската академија беа докажани младински работници и тренери од Сојузот на извидници на Македонија, Националниот Младински Совет и Европскиот Извиднички Регион. На овој настан  учество на земаа 50 млади на возраст од 16 години и постари. Настанот цели на поголем диверзитет и со оглед на тоа ќе се цели кон присуство на млади од повеќе организации – извиднички одреди. Младинската Академија е настан од проектот на Сојузот на Извидници на Македонија, „Извидниците за активно општество“, кој е финансиран од програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.

повеќе фотографии од настанот: https://www.facebook.com/scoutsmacedonia/photos/?tab=album&album_id=1376964142365470

Мартин Голчев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>