Велешките извидници учесници на XIX Вардарска регата “Гемиџии“ 2017

19510531_1328045337313090_7199647332392623565_nИзвидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес денес 29.6.2017 год. (четврток) со три посади или 20 извидници стартуваше на Вардарската регата “Гемиџии“ 2017. На овогодинешното 19-то издание учество земаа 60-тина учесници  кои ќе ја продолжуваат традицијата и ќе ја оживеат старата трговска размена која во минатото се одвивала  преку гемии. Водниот пат долг 146 километри ќе го поминат во четири етапи  и на целта ќе се пристигне во недела на 2 јули. На патеката извршена е контрола и очекуваат  безбедно да пристигнат на целта во Гевгелија. Во наредните денови се очекува да се зголеми бројот на учесници. Традиционално како секоја година пред стартот на регатата, делегации  положија свежи цвеќе на споменикот подигнат во чест на Гемиџиите кај Мало мовче. Вардарската регата ја пренесува приказната на велешките трговци  од времето кога за Велес со почит се зборувало во Влашко и Солунско,  кога се внесувал овде духот на европските цивилизациски достигнувања.Гемијата е цврсто врзана и со револуционерите што трајно ја обележија македонската борба за слобода и самобитност, Гемиџиите.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>