Велешките извидници втори во третото коло на Извидничка лига на СИМ

Во во извидничкиот центар “Градовци“ во истоименото село во близина на село Зелениково  во организација на извидничкиот одред “Браќа Миладиновци“  од Скопје и Сојуз на извидници на Македонија од 4 до 6 .5.2018 год. се одржа третото коло од извидничката лига во СИМ 2018.

Ова коло ги опфаќаше следните категории на членство: извидници (12-15 години), истражувачи  (16-18 години) и ровери (19 до 24 години). Учесници на третото коло од извидничката лига на СИМ 2018 беа извидниците од Скопје, Велес,Св.Николе, Прилеп и Куманово.Типот на натпреварите на ова трето извидничко коло беше – “Лов на богатство“ (Тreasure hunt) или Предизвик ГРАД-ОВЦИ.


Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со десет извидници или две патроли во категоријата на истражувачи и извидници. Патрола од велешкиот одред “Враповци“  го освои второто место во категријата истражуважи, а патролата “Ќосевски“ во категоријата извидници  го освои четвртото место.

gradovci_2
Патролата на истражувачи на ИО “Димитар Влахов“ од Велес беше составена од следните извидници: Благој Ѓоргиев, Давид Темелковски, Иван Гушев и Мартин Голчев. Додека пак патрола на извидници од нашиот  одред беше составена од: Павел Шопов, Ѓорѓи Цветков, Бојан Трендафилов и Стефан Николов.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*