Велешките извидници на првиот роденден на ИО “Феникс“ од Прилеп

prilep1На 14.2.2016 год. (недела) шест извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на роденденската забава по повод една година постоење на извиднички одред “Феникс“ од Прилеп. Целокупната прослава  се одржа во просториите на одредот од Прилеп кои се наоѓаат во старата општинска зграда. На оваа прослава покрај велешките извидници присуствуваа и извидници од ИО “Пионер” – Охрид, ИО “Мирко Милевски” – Кичево,  ИПО “Галеб” – Скопје  и претставник од  Сојуз на извидници на Македонија. На нашите пријатели извидници од Прилеп Старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ им посакува уште долги години успешна активност во полето на извидништвото и создавањето на подобар свет.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>