Велешките извидници на 43 Меморијал “Чика Драги“ во Ниш

nis2Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш, Република Србија во периодот од 11 до 13 мај 2018 година со осум извидници – зема учество на “43 Меморијал Чика Драги“. Овој меморијал претставува еден од нај старите и нај посетен извиднички собир на извидници во Република Србија. На оваа манифестациија учество земаа повеќе 150 извидници од Србија, Босна и Херцеговина и  Македонија со околу 30 патроли кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен. Извидниците од Велес кои се натпреваруваа во рамките на “43 Меморијал Чика Драги“ во категоријата на истражувачи го освоија седмото место. Патролата која го освои седмото место беше во состав: Трајче Темелковски, Сара Нуневска, Лазе Андов, Кристијан Јорданов и Стевче Рогужаров.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*