Велешките извидници вице шампиони во државата

dion1Сојузот на извидници на Македонија во периодот од 9-11.10.2015 год. во извидничкиот дом “Градовци“ во истопименото село во близина на Зелениково, го организираа овогодинешниот Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2015. На ДИОН 2015 учество земаа педесетина извидници и се натпреваруваа во две категорои РИОН за постари извидници и РАПИ за помлади извидници. Постарите извидници во рамките на РИОН (Републички Извиднички Ориентационен Натпревар) се натпреваруваа во областа на ориeнтацијата и топографијата на непознат терен, прва помош, сигнализација и тестови од повеќе области. Додека пак помладите извидници во рамките на РАПИ (Републичка Акција за Помлади Извидници) се натпреваруваа во областа на основното ориентирање преку патни знаци, прва помош, пионерство, игри, полигон на спретност. На ДИОН  2015 во Генерален пласман први беа извидниците од ИПО “Јадран“. Машката екипата на извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав: Трајче Темелковски, Благој Ѓоргиев, Мартин Трајков и Љупчо Кузманоски го освои второт место, а додека пак втората екипата на извидници во состав: Кире Харалампиев, Мартин Голчев, Лазе Каргов и Давид Камчевски го освои петото место.
Во женска конкуренција во категоријата извидници, женската екипа на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав: Ангела Чејкова, Симона Тодорова, Викторија Ставровска и Емилија Алексовска го освоија второ место. zenski dion3
Со освојувањето на второто место во машка и женска конкуренција на Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН 2015, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес го покажа континуитетот на квалитетен одред во кои се работи и практикува топографијата и ориентацијата во природа. Патролите на велешкот градски одред се задоволни со постигнувањето на резултатите во рамките на ДИОН 2015, а со тоа и понатуму се докажува квалитетната работа на велешкиот извиднички одред кои е и нај стар во Република Македонија со 63 годишна традиција

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>