Благодарност за волонтерското работење во 2016

%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d1%88%d0%b0%d0%bd%d0%b8Сојузот на извидници на Македонија на крајот од оваа 2016 година изрази голема благодариме кон своите членови за се она што го работеа како дел од извидничката организација, за развојот на извидништвото, посветеноста на членовите, развојот на младите и креирањето на подобри заедници. Воедно беше истакнато дека  извидничката организација во Македонија е среќна што ги има своите членови волонтери затоа што тие се движечката сила. Организацијата и се она што произлегува од неа е резултат на ангажманот на индивидуите кои ја создаваат истата.
Основачот на извидничкото движење Lord Baden Powell рекол: „Извидништвото е движење затоа што постојано се движи напред. Кога ќе застане да се движи ќе остане само организација.“ Во насока на истакнувањето на секој индивидуален труд, канцеларијата на СИМ пред крајот на оваа година ги препозна и им се заблагодариме на сите волонтери и поддржувачи на извидничката организација. На предновогодишна средба која се одржа на 28.12.2016 год. во Скопје (среда), старешините, началниците на одредите и сите предложени членовите добија симболична ознака за признавање на нивниот волонтерски труд.
За својот волонтерски труд за 2016 година Старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ги истакна следните свои членови и тоа: старешината на одредот м-р Ангелче Гушев,началникот на одредот Благој Ѓорчевски, потоа Ненад Андреевски, Кире Харалампиев, Лидија Пљакова, Мартин Голчев, Давид Камчевски, Јане Јанков, Трајче Темлковски, Анѓела Чејкова, Викторија Ставровска, Иван Гушев, Бојан Миклош, Влатко Влахчев, Марина Влахчев, Жаклина Гушева, Доне Нецинов, Димов Јордан, Кристијан Јорданов, Благојче Ѓорѓиев Марија Војневска Теодора Малинова, Катерина Гушева, Зоран Пановски, Лазе Андовски, Златко Ристов, Ангел Радевски, Даниел Димов, Бојан Симонов, Теона Голчева, Леонтина Кимова, Симона Тодорова, Елена Стумбова, Александар Љутков и Димитар Јорданов

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>